9.8 C
Скопје
14:43 - 31 март, 2026

Тања Кочовска низ солзи за мајка ѝ Невена, раскажа емотивна приказна

Со солзи во очите, Тања Кочовска зборуваше за својата мајка Невена која во 2022 година почина по долга борба со Алцхајмеровата болест. Познатата актерка ги избриша солзите додека зборуваше на настан посветен на оваа болест, на 21 септември, Светскиот ден на Алцхајмеровата болест.

По повод Светскиот ден на Алцхајмеровата болест Здружението на граѓани Институт за Алцхајмерова болест и невронаука во Македонскиот народен театар (МНТ) организираше настан „Алцхајмер матине – Патување низ времето“.

Целта, според организатоторот, е да се влијае на подигнување на јавната свест за болеста, која ја нарекуваат епидемија на 21 век.

„Апелирам до сите институции да покрене свеста, да се отворат дневни центри, повеќе да се внимава на овие лица“, рече Тања Кочовска низ солзи.

На претходни трибини на кои зборувала, Тања Кочовска рече дека мајка ѝ до последно ги пеела песните кои ги пеела порано и ги паметела сите текстови од почеток до крај.

Невена Кочовска Фото/ Фејсбук

„Мене мајка ми никогаш не ме заборави. Таа можеби не ме познаваше на почетокот. Но, ако почнев да ги правам работите кои секогаш сме ги правеле, од начинот на гушкање, до моментот кога само ќе ѝ кажев ‘мамо’, само ќе ме погледнеше“, рече Тања Кочовска за својата мајка, пејачката на легендарниот состав „Мањифико“.

На настанот беше и нејзиниот татко Панче Кочовски, и сестра ѝ Лидија Кочовска.

Фото Никола Маџаревски/ Фејсбук

Во земјава живеат повеќе од 24 000 лица со демеција, од кои најмалку 10 000 со Алцхајмерова болест. Исто толку семејства секојдневно се справуваат со предизвиците кои болеста ги носи.

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....