03:10 - 7 ноември, 2026

Тајната што ги обедини Шакира и Том Круз: „Тие се во постојан контакт со години“

Гран прито на Формула ѝ во Мајами ги оправда очекувањата, претворајќи се во парада на познати личности.

Никој не сакаше да го пропушти овој возбудлив настас, но една од највпечатливите работи беше глетката на Шакира и Том Круз кои беа заедно и срдечно разговараа, а многумина ги изненади токму нивната поврзаност.

принтскрин

Но малкумина знаат дека славните Шакира и Круз всушност се познаваат долго време.

Според „Ванитатис“, она што сите го виделе во Мајами е само потврда за нешто што на многумина им било непознато, но не и на нив, бидејќи тие се всушност – многу добри пријатели. И тоа н од „вчера“.

„Тоа е врска која датира многу наназад, со години“, велат изворите.

Значи, повеќе е од тајна, туку нивното дружење е едноставно реалност, бидејќи колумбиската пејачка и американскиот актер се познаваат многу долго време. И токму Круз ја поддржал Шакира по нејзиното раскинување со Жерар Пике.

Според изворите, Шакира и Том постојано биле (и се уште се) во контакт. Актерот сака да одржува контакт со своите пријатели, со постојани телефонски повици, а тоа го правел и со Колумбијката додека била и во Барселона, или било каде низ светот.

„Круз ѝ дава целосна поддршка на Шакира, па дури ѝ дава совети за ситуацијата на разделба низ која минува пејачката во моментов“, тврдат изворите.

На ГП во Мајами, американскиот актер повторно беше внимателен кон Колумбијката, отворено покажувајќи го доброто пријателство што го имаат.

Како што открива „Ванитатис“, Том Круз често ѝ се јавува на Шакира и сега откако е преселена во САД, а неодамна ја барал и само за да ја праша дали ѝ се допаднал неговиот последен филм, вториот дел од „Топ Ган“, кој го гледала со нејзините деца Саша и Милан.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....