13:04 - 27 ноември, 2026

Лука, претставникот на Србија и Лет3 од Хрватска влегоа во финалето на Евровизија

Претставниците на Хрватска, групата Let 3 од Ријека со песната Mama ŠČ! и српскиот претставник Лука Ивановиќ вечерва успеаја да влезат во големото финале за избор на песна на Евровизија кое се одржува во сабота во Ливерпул.

Нивните фанови веќе почнаа да им честитаат на социјалните мрежи и им посакуваат многу среќа во финалето.

Српскиот претставник попознат како Лук Блек воодушеви со специфичен настап со песната „Само ми се спава“. Лука излезе на сцената во облека со посебен додаток кој им оддава почит на жртвите кои загинаа во страшните трагедии што ја снајдоа Србија.

Лука вечерашниот настап им го посвети на жртвите во масакрите во Белград и близу Младеновац.

Во финале се пласираа и Молдавија, Швајцарија, Финска, Шведска, Чешка, Израел, Португалија и Норвешка.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....