11.8 C
Скопје
21:18 - 20 октомври, 2026

Тајната на долговечноста на Елизабета Втора – страст кон домашен џем и коктел „Опера“

Тајната на долговечноста лежи во исхраната. Но, што јадеше и пиеше Нејзиното Височество Елизабета Втора?

Многумина се прашуваа во што беше тајната на нејзината долговечност и енергичност. Не престануваше да ги фасцинира ниту модните следбеници со својот изглед карактеристичен по „а-ла шанел“ костуми во силни бои и неверојатни шапки.
Дали избалансираната исхрана беше победоносната формула на Нејзиното Височество? Што кралицата Елизабета јадеше за да остане во толку добра форма?

Пред неколку години британски „Телеграф“ делумно ја откри исхраната на кралицата Елизабета Втора. Благодарение на изјавите на Дарен Мек Греди (поранешен готвач во Кралската палата), може да „фрлиме“ преглед на нејзината гастрономска рутина, од мигот кога наутро ги отворала очите, до навечер пред спиење.

Да почнеме од појадокот кој обично се служел во 9 часот наутро. Кралицата сакала да појадува житарици, понекогаш збогатени со суво овошје. Житариците се специфична марка, Спешл Кеј или Корнфлекс. Но, не било така секој ден. Знаела да нарача за појадок и тост со џем и 2 умерено варени јајца.

За ручек и за вечера, Елизабета Втора преферирала лесен оброк, како што е на пример, риба или лигњи подготвени на скара со растителна органска храна, односно зелечнук, која доаѓа директно од нејзиниот имот.

Кралицата никогаш не се откажувала од чајот сервиран во 17 часот, кој обично се посужувал со англиско колаче. Во овој период од денот, не одбивала парче торта, ако се работи за „Шпанското лепче“ (во Англија позната како лесна, „сунѓер“, торта со мед и со крем).

Попладне, често нарачувала и сендвич со лосос и краставици.

Сепак, вистинската страст на кралицата биле „џем пените“ (личат на мали американски палачинки, во средината наполнети со фил од домашен џем).

Нејзиното Височество не се откажувала од вечерен коктел. Тоа е коктелот „Опера“, кој содржи џин, француски „дјубоне“ (аператив) и ароматично вино.

Патем, виното со силна арома било всушност и најобожувано од кралицата.

Слични објави

Овие песни се посветени на Ксенија Пајчин — малкумина знаат дека познатиот пејач ѝ беше брат, а раперот беше лудо вљубен во неа

E.A.

Гога Секулиќ се сели од Србија со синот: Поранешниот сопруг ѝ помага околу преселбата

Еспресо

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо

Глумеше од душа и донесе милиони насмевки, а почина заборавен од сите: Пред 23 години нè напушти легендарниот Чкаља

Еспресо
Се вчитува....