17.8 C
Скопје
14:49 - 18 октомври, 2026

Сузана Манчиќ се сели од својот стан од 175 квадрати во Белград: „Стана неподносливо!“

Поранешната лото девојка Сузана Манчиќ (69) овие денови доживува голема промена во животот. Како што открила за српските медиуми, одлучила да го напушти својот стан во самиот центар на Белград од 175 квадрати и да се пресели во потивок дел од градот, далеку од градската врева и секојдневната бучава.

Станот е опремен со скапоцен стилски мебел, со мноштво вредни уметнички слики и други предмети, а има и голема библиотека и тераса.

Како што вели Манчиќ, животот во строгиот центар станал премногу напорен за неа.

„Белград стана малку неподнослив. Бев во центарот и центарот стана невозможен за живот. Се селам во помирни краишта кои не се далеку, но нудат сосема поинаков мир“, изјавила таа за „Блиц“.

Со години живеела во срцето на градот, но бучавата, сирените и забрзаното темпо, признава таа, почнале сериозно да ја вознемируваат. Токму затоа решила да сврти нова страница и да пронајде средина што ќе ѝ обезбеди повеќе тишина и приватност.

Освен што се преселила во градот, Сузана со години се грижи и за за својата викендица во Велика Моштаница, која има посебна емоционална вредност за неа. Станува збор за семејниот имот што го наследила од својот татко.

„Ова е земјата на мојот татко. Како дете, гледав како мојот татко, кога се пензионираше, засадува прекрасен овоштарник и два реда лозја. Во тоа време, таму беше само мала барака каде што го чуваше алатот и се криеше од дождот“, се присетила таа.

По смртта на нејзиниот татко во 1994 година, имотот бил запуштен со години. Никој, вели Манчиќ, не стапнал таму речиси една деценија. Обновата на имотот не била ниту брза ниту евтина. Сузана вложила години труд, работа и голема сума за запуштената парцела да ја претвори во, како што вели, „рај на земјата“.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....