9.8 C
Скопје
18:10 - 30 март, 2026

Сузана Манчиќ прозборе за голите фотографии: Заработив повеќе од кој било во историјата на Плејбој

Поранешната лото девојка, 65-годишната Сузана Манчиќ, се присети на своите додворувачи и фотографирањето за насловната страница на српското издание на Плејбој во 2004 година.

– Еден мој додворувач се правеше дека е Ромео, па се качи на балконот од мојата соба. Тоа беше навистина лудо! Се случуваше некои да спијат во мојот лифт додека ме чекаа да се вратам дома. Многумина ми оставаа цвеќе на автомобилот… – рече Сузана, пренесува Нова.рс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

Сузана сега е среќно мажена за Гркот Симеон Окомокос, па признава дека нејзините додворувачи се разретчиле.

– Тоа не беа некои непознати луѓе или лудаци од улица, туку мажи со кои подоцна бев во врска, кои се грижеа за мене. Затоа избираа толку оригинални начини да ми го покажат тоа. Додворувачи имам и денес, но морам да бидам искрена, многу помалку од порано, а тоа што сум мажена менува се – додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

Водителката крена најголема прашина во јавноста кога позираше гола за насловната страница на српското издание на Плејбој во 2004 година.

Playboy

– Околината ме осуди, но пријателите и членовите на семејството ми кажаа дека тоа е исклучителен едиторијал. И не бев целосно гола, имаше многу цвеќиња. Не смеам да ви кажам колку пари заработив од овие фотографии бидејќи сум должна да ја чувам оваа информација во тајност. Можам само да кажам дека бев најплатена во историјата на српското издание на Плејбој – изјави Сузана.

Слични објави

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin
Се вчитува....