8.8 C
Скопје
08:47 - 10 декември, 2022

Студентски пакет „За чиста 10-ка“ на Халкбанк со низа бенефиции за идните академски граѓани

Како банка која постојано води грижа за потребите и барањата на различните категории граѓани, Халкбанк креираше нов производ наречен „За чиста10-ка“, овојпат наменет за студенти. Станува збор за специјален пакет услуги кој на идните академски граѓани им нуди низа поволности и бенефиции. Производот е наменет за млади на возраст од 18 до 24 години, а секој студент може да аплицира онлајн или во најблиската филијала на банката. Сè што е потребно е да се поседува важечки индекс и лична карта.

Со ексклузивниот пакет „За чиста 10-ка“ секој студент добива Visa PayWave дебитна картичка со која може да повлекува  готовина без надомест на сите банкомати на која било банка во земјата и во странство. Со овој пакет секој студент добива и бесплатно електронско банкарство, бесплатна мобилна апликација и бесплатно водење трансакциска сметка. Со станување корисник на електронското банкарство на Халкбанк достапни се и услугите SmartSend – за лесно префрлање средства, со еден клик, на контакт од телефонскиот именик во мобилниот телефон, SmartCash – за повлекување готовина од АТМ на Халкбанк без употреба на картичка и HalkPay – за лесно и безбедно плаќање со мобилен телефон. Мобилната апликација HalkPay нуди и преглед на извршени трансакции и поддржува 4 различни јазични верзии (македонски/англиски/албански/турски).

Воедно, на сите љубители на динамичниот животен стил, на луѓето кои се постојано во движење, кои спортуваат, практикуваат прошетки во природа и истовремено поседуваат часовник Garmin, на располагање им е и совршеното модерно решение за бесконтактно плаќање GarminPay со кое се врши брзо, едноставно и лесно плаќање со паметен часовник.

Халкбанк, чие основно мото е „Важни се луѓето“ е препознатлива на пазарот како општествено одговорна компанија посветена кон зголемување на општото добро, за луѓето и природата. Поддршката на низа културни и спортски активности, едукација на децата од училишна и предучилишна возраст, подигнување на свеста и поддршката за инклузија на лицата со попреченост во секојдневниот живот се на листата на приоритети на Банката. Халкбанк е и еко ориентирана компанија која применува бројни еко политики и реализира активности во насока на поттикнување здрави животни навики и заштита на животната средина.

Политиката на банката – да одговара на потребите на клиентите, да биде предводник во дигитализацијата и воведувањето иновативни производи во духот на денешното модерно време, како и перманентната грижа за заедницата и животната средина ја прави Халкбанк вистински партнер на иднината.

Комерцијален текст.

Слични објави

Астро прогноза за сабота, 10 декември

Еспресо

Северина има посебна порака за голманот на Хрватска откако го победија Бразил

Еспресо

„Имав крофни на нозете“ – Тијана Дапчевиќ морала итно да направи операција

Еспресо

Промена на подобро: Два хороскопски знаци ќе скокаат од среќа следната недела!

Еспресо

(Видео) Почна гласањето за детската евровизија – да го дадеме гласот за бројот 10 и за Лара, Ирина и Јован

Еспресо

Илон Маск најави масовна чистка на Твитер: отстранување на 1,5 милијарди неактивни профили

Еспресо
Се вчитува....