13.8 C
Скопје
10:52 - 21 октомври, 2026

Строги протоколи на облекување: Што кралските дами не смеат да носат на погреб на кралицата Елизабета Втора

За време на најтажните настани во кралското семејство, постојат строги протоколи за облекување кои сите мора да ги почитуваат.

Сите членки на кралското семејство, вклучително и Кејт Мидлтон, Меган Маркл, Софи Весекс и Зара Тиндал ќе мора да следат некои строги модни правила за време на погребот на кралицата.

Кралскиот експерт Миранда Холдер зборуваше за „Експрес“ за кодексот на облекување што Кејт Мидлтон и Меган Маркл ќе треба да го почитуваат.

Миранда вели дека постои воспоставен кралски протокол кога станува збор за облекување во време на жалост. Протоколот во најстрога форма е на сила уште од владеењето на кралицата Викторија.

„Се очекува сите членови на кралското семејство да носат црно, вклучително и црни чорапи или хулахопки и мал или никаков украс на нивната облека“, вели Холдер.

– Кога умре принцот Филип, сите други членови на кралското семејство носеа нараквици со недели за време на кралските обврски, што ќе се очекува и овој пат – објаснува Миранда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

– Се очекува помладите жени од кралското семејство, Кејт, Меган, Софи и Зара да носат црнина и да ја одржуваат својата облека минималистичка, без украси, детали, светкави брошеви и ѓердани.

– Накитот може да биде дискретен, а дијамантите се забранети – вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Mirror (@dailymirror)

– Бисерите и другите скапоцени камења доаѓаат предвид, се додека се крајно ненаметливи – заклучила Миранда.

Бисерите беа заштитен знак на кралицата Елизабета, а покрај тоа што таа речиси секогаш ги носеше, во кралското семејство бисерите се носат и во периоди на жалост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @delight.fulmoment

Слични објави

(Видео) Наташа Малинкова позираше со ќерката Султана: „Ние сме близначки“

К.С.

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.

Петар Грашо за бракот со Хана Хуљиќ: „Имаме некој вид на душевен блутут“

Еспресо

Хороскоп за 21 октомври: Партнерот се оддалечува од Раковите, а на Девиците им подготвува изненадување

Еспресо

(Фото) Внуката на Драгана Мирковиќ го слави својот прв роденден – замокот во Австрија е обоен во розова боја

Еспресо

Овие песни се посветени на Ксенија Пајчин — малкумина знаат дека познатиот пејач ѝ беше брат, а раперот беше лудо вљубен во неа

E.A.
Се вчитува....