11:36 - 12 март, 2026

Стрип во чест на славната Оливија Њутн-Џон

Студиото TidalWave Comics подготви стрип на 36 страници во чест на актерката и пејачка Оливија Њутн-Џон, која ќе остане запамтена по многу добри хитови и улоги, но најмногу по улогата во мјузиклот „Брилијантин“ од 1978 година.

Њутн-Џон е родена во Кембриџ, Англија во 1948 година. Таа има освоено четири Греми и многу други награди, вклучувајќи ги и американските музички награди. Има продадено100 милиони плочи низ целиот свет од сите жанрови кои оваа пејачка ги негуваше во текот на својата кариера -поп, кантри, современа музика.

Њутн-Џон почина на 8 август по долга борба со ракот. Таа оваа година ќе го прославеше својот 74 роденден.

Нејзината тешка болест првпат била дијагностицирана во 1992 година, а се вратила во 2013 и 2017 година.

„Болката понекогаш е неподнослива“. „Не знам уште колку време ми преостанува, но морам да уживам во животот. Ќе јадам бисквити ако ми се допаѓа. Ќе пијам шолја чај ако сакам или чаша вино затоа што уживањето во животот е дел од процесот на заздравување“, велеше Њутн-Џон кога зборуваше за тешката битка со болеста.

 

 

Слични објави

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova
Се вчитува....