15.8 C
Скопје
13:01 - 10 март, 2026

(ВИДЕО) СТРАВИЧНА СЦЕНА СНИМЕНА СО КАМЕРА: Доживеал срцев удар додека снимал видео за ТикТок

Метјуз Конор доживеал срцев удар додека снимал видео за ТикТок, а потоа видеото го споделил на популарната платформа.

На снимката се гледа како тој танцува на песната „The Dance“ пред својот автомобил, а при крајот му се слошува, ја става раката на градите и си го напипува пулсот.

Неколку моменти после тоа тој сфатил дека има срцев удар.

„Сепак, буквално го вложив целото срце во тоа“, напиша тој покрај споменатото видео.

„Одамна не сум танцувал со музика… Требаше да забележам дека имам тахикардија уште на почетокот“, стои во описот.

Веднаш откако излегол од болницата тој направил уште една видеоснимка на која ја пее „Stayin Alive“ од Биџис и за само два дена собра повеќе од милион лајкови.

Некои обожаватели не беа воодушевени од неговиот потег, па коментираа дека претерал:

-Поради мојата здравствената анксиозност, навистина не требаше да го гледам ова – напиша еден негов следбеник.

Метјуз живее во Лос Анџелес и првпат се појави на сцената со преработка на песната на Крис Браун од 2016 година „Grass Ain’t Greener“. Подоцна го запознал Кит Урбан во Нешвил, кој му помогнал да напредува во кариерата.

Сега има повеќе од 152.000 следбеници на ТикТок, редовно објавува видеозаписи од музички импровизации или пее песни во неколку октави.

@conormatthewsofficial

Reply to @jboneii where my heartbreak gang? #originalmusic

♬ The Dance Chorus – Conor Matthews

 

 

Слични објави

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

(Фото) По 15 години брак уште се романтични како младенци: Водителот Ненад со сопругата на плажа

msp-admin

(Фото) Ова е зетот на Жељко Самарџиќ, му правеше друшвтво на посебен настан

msp-admin

Синот на Брена „летал“ со повеќе од 300 километри на час, па се пофали на социјалните мрежи

E.A.

Љубовта умре но нова пак ќе се роди: Емотивна приказна на Елена Велевска

msp-admin
Се вчитува....