23:38 - 6 април, 2026

(ВИДЕО)СТАМПЕДО НА КОНЦЕРТ: 8 мртви на настапот на Тревис Скот, партнерот на Кајли Џенер

Во петокот вечерта на фестивалот „Астроворлд“ во Хјустон- Тексас, загинаа најмалку осум лица, а многу други се повредени откако толпата се нафрли нанапред додека настапуваше раперот Тревис Скот.

Кога инцидентот се случи нешто по 21 часот имало околу 50.000 луѓе беа на распродадениот музички фестивал на отворено.

„Толпата од која било причина почна да се турка и да се зголемува кон предниот дел на бината, што предизвикало компресирање на луѓето од предната страна- тие не можеа да избегаат од таа ситуација“, изјави началникот на пожарникарите Пења за „Си-Ен-Ен“ .

„Луѓето почнаа да паѓаат, онесвестуваат и тоа создаде дополнителна паника. Дваесет и три лица беа пренесени во болници -од кои 11 беа во критична состојба – а осум од нив починаа, рече Пења. Еден пациент имаше 10 години, а на последната проверка беше во критична состојба“, изјави Пења.

Саботниот дел од планираниот дводневен настан е откажан, соопштија организаторите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GlobalDrea93 (@globaldrea93)

Во 2019 година, три лица беа прегазени и хоспитализирани додека илјадници брзаа да влезат на фестивалот. На настанот му е трета година и го организира Скот. Тревис Скот е инаку рапер познат по посебниот стил на трап музика и е партнерот на Кајли Џенер со која чека второ дете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

Двојката ја доби ќерката Сторми Вебстер во февруари 2018 година. Кајли Џенер целата бременост ја чуваше во тајност, па раѓањето на малата Сторма беше вест на денот во сите светски медиуми. Двојката ја прекина врската веќе следната година, а блиски извори им кажаа на новинарите дека тие само паузираат.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....