08:35 - 16 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Доаѓа постуден ветер од север и дожд, еве точно кога!

– Како што претходно кажавме и најавивме, до понеделник времето ќе се задржи претежно стабилно и суво, односно променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Пооски прогнозира дека и во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе биде и натпросечно топло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 20 и 21 степен. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Потоа – додава тој – од понеделник доцна попладне и навечер, па натаму ќе има услови за повремен локален дожд, додека температурите на воздухот и тоа од вторник па натаму ќе бележат тенденција на постепено опаѓање, и тоа поради продор на постуден воздух од север.

Слични објави

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.

Весна Ривас ја прослави годишнината со сопругот кој ја изневерувал – се разделија, а денес повторно се заедно

Е.А.
Се вчитува....