21:19 - 16 септември, 2026

(ФОТО) НЕВЕРОЈАТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: 21-годишна прилепчанка за два месеци се трансформираше во манекенка!

Нутриционистката Елена Мирческа е со нас за да се „стегнеме“ оваа есен.

Здравиот начин на исхрана е во мода, а добрите нутриционисти се сè побарани. Особено, ако здравиот диетен режим би можеле да го комбинираме со физичка активност. Нутриционистката и фитнес-инструкторка, Елена Мирческа, нѐ советува како да дојдеме во топ форма за време на есента. Зашто, не заборавајте, убавите тела кои ги гледаме секоја пролет и лето, се „вајаат“ токму во есен и во зима.

А, некои веќе успеаа во тоа! 

ТАКОВ Е ПРИМЕРОТ СО оваа 21.годишна прилепчанка која (за сега) сака да остане анонимна, а ќе ни открие многу повеќе за себе штом ќе стигне до финалната цел.

 

– Кога ќе те изненадат со фотографија само после 2 месеца, и тоа БЕЗ физичка активност! Манекенка!!! – изненадена е нутриционистката и фитнес инструкторка Елена Мирческа.

Нутриционистката ни објаснува дека оваа млада прилепчанка бргу стасала до фит тело благодарение на здравата, правилна и избалансирана ихрана.
– Сега го почнуваме третиот месец, да дефинираме уште некој грам и да ги зацементираме навики.
Вие што велите на ова? – радосна и искрена е Елена.
Минус 12 килограми за само два месеца, фото – приватна архива
Еве ја накусо приказната на оваа девојка која доживеа вистинска трансформација.
– Пробував различни и бројни диети, намалував килограми но за брз период ги враќав, поради тоа што во периодот кога ги држев диетите си скратував многу работи. Желбата ми беше огромна да намалам килограми без да се измачувам и да научам како да водам здрав живот и како да ги комбинирам сите јадења на здрав начин. За два месеца успеав да намалам 12 килограми. Презадоволна сум, сега се чувствувам со многу повеќе енергија, и имам се повеќе самодоверба! – ни признава убавата прилепчанка и додава дека со овој неверојатен резултат на кој што е горда, помошта ја побарала кај вистинска личност, и дека сега воопшто нема проблем кога станува збор за гардероба.
Браво и за инструкторката и за новата убавица!

Слични објави

(Видео) Јована Јеремиќ и Тигар не можеа да ја контролираат страста среде емисија – се појави шокантно видео од парот

Еспресо

(Видео) Ханка Палдум доби своја кукла, инспирирана од нејзиното впечатливо издание во Сараево

Еспресо

Едита првпат отворено за таткото на нејзината ќерка: „Само бегав, не сакав моето дете да пати“

Еспресо

Бившиот на Јована Јеремиќ прави свадба за 500 гости: Ќе пее половина естрада

Еспресо

(Фото) За секоја прослава што заслужува совршена атмосфера, Villa Diva е изборот што остава впечаток

Еспресо

(Фото) „Колку повисоко се искачувам, толку потивок станува светот“: Александра Спировска покажа која е нејзината нова страст

Еспресо
Се вчитува....