23.8 C
Скопје
17:04 - 9 октомври, 2026

Сталоне проговори за смртта на својот син: „Кога работата ја ставате пред семејството, последиците се поразителни“

На Нетфликс беше прикажан документарен филм за животот на легендарниот Силвестер Сталоне. Најпознатиот филмски спортски херој во историјата зборуваше за своето воспитување, сложениот однос со неговиот татко и неговиот пат од трње до холивудска ѕвезда, а се осврна и на врската со неговиот син Сејџ Сталоне.

Сталоне ретко ја коментираше смртта на Сејџ, кој почина на 36-годишна возраст од атеросклероза на коронарните артерии што предизвика срцев удар (првите извештаи сугерираа дека смртта е поврзана со дрога). Актерот сега дава ретки и искрени коментари за својот син во неговиот документарен филм „Sly“.

Една од секвенците во документарецот на Нетфликс, во режија на Том Зимни, прикажува снимка од Сејџ на 14-годишна возраст, кога тој го игра Роберт, синот на Роки Балбоа во „Роки V“. Приказната за тоа „продолжение“ од 1990 година се фокусира на тешкиот однос на Роки со своето дете бидејќи тој чувствува дека Роки поминува повеќе време на тренинзи со боксерот Томи (Томи Морисон) отколку со неговото семејство, вклучувајќи ја и неговата сопруга Адријана (Талиа Шајр).

На прашањето дали заплетот на филмот го потсетува на неговата врска со Сејџ во реалниот живот, актерот рече:

“За жал да. Се обидувам да преземам нешто што навистина посакувам да го направев во реалниот живот, но не можев да го сторам тоа. И така прилично често тоа би го правел театрално, магично. Многу од тоа е вистина. За жал, кога работите ги ставате пред вашето семејство, последиците се доста радикални и поразителни“.

Документарецот покажува и сцени од премиерата на Роки 5, каде глумецот зборува за татковството. „Постои реченица во филмот – „Така мие драго што се роди, зашто сега можам да живеам преку твоите очи“, Мислам дека тоа е она што татковците го бараат од своите деца, тоа е продолжение, делче бесмртност. Се додека тој е жив, твоето сеќавање ќе биде живо, дека си направил нешто добро. Мислам, се надеваш во тоа“, вели Сталоне.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ покажа што сè чува на својот имот: Фарма полна со животни и приватен хиподром

Еспресо

Весна Змијанац и Николја уживаат во Милано: Пејачката се фотографираше без шминка

Еспресо

Скандал и нови правила на „Мис Бугарија“: Забранети се силиконите и естетските корекции, фокусот е ставен на образованието

E.A.

(Фото) Албанската новинарка стана хит бидејќи се појави на теренот во штикли и мини здолниште

Еспресо

(Видео) „Долго ја чувавме нашата тајна“: доаѓа принова во семејството на Теодора Џехверовиќ

Еспресо

Драгана Клопчевска откри детали од бракот со Брејк: „Ако некоја му се пушта, јас прва ќе реагирам“

apostolova
Се вчитува....