9.8 C
Скопје
10:41 - 11 март, 2026

Српски новинар е уапсен, осомничен е дека носел обесена кукла со ликот на Вучиќ

Бошко Савковиќ, писател и новинар, е приведен околу пладне во својот стан, под сомнение дека носел транспарент со кукла на „обесениот претседател на Србија, Александар Вучиќ“, пишуваат српските медиуми.

Тој е приведен на информативен разговор во врска со куклата што се појавила на нивниот транспарент што го носеле на протестот „Србија против насилството“.

Како што изјави за Данас ќерката на Бошко, Емилија, четворица мажи се појавиле на нивната врата без никаков налог за апсење.

Вели дека не се легитимирале.

„Се собравме 15 души на споменикот (Плоштадот Никола Пашиќ). Транспарентот беше тука цело време, а на сликите се појави кукла. Очекуваме да видиме што ќе се случи. Станува збор за кукла која премиерката на Србија ја прикачува на својот Твитер профил. Транспарентот е се уште кај нас, го гледаме. Го видеа инспекторите кои дојдоа. Но, ние немаме врска со куклата“, вели Емилија, додавајќи дека само нивната група која тргнала од плоштадот Никола Пашиќ броела 17-18 луѓе, изјавила ќерката на уапсениот новинар.

Таа напоменува дека нејзиниот татко Бошко Савковиќ е основач на сатиричниот весник „Наша крмача“, симбол на борбата за слобода на новинарството, кој луѓето на Вучиќ го претепаа на улица.

Според последните неофицијални информации, Бошко Савковиќ утре ќе биде осуден на 30 дена затвор за загрозување на националниот поредок на протестот „Србија против насилството“.

Слични објави

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо
Се вчитува....