06:43 - 12 март, 2026

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МОНИКА БЕЛУЧИ: Италијанска убавица за која годините се само бројка

моника белучи

Италијанката Моника Белучи, која многумина ја паметат по улогите во филмовите „Malena“, „Apartman“ или „Matrix Reloaded“ е една од најубавите актерки во својата генерација, а својата импресивна кариера ја започна како модел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gonzalo Bonastre (@gonzalobonastre)

Несудената правничка е родена како Моника Ана Марија Белучи на 30 септември 1964 година и денес претставува олицетворение на класичната медитеранска убавина.

Иако често глуми фатални убавици, таа во едно нејзино интервју изјави дека во реалниот живот е сосема поинаква.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NEO-NOIR 🎥 (@neonoirfilm)

„Сакам да играм жени на екран со кои немам многу заеднички работи. Приватно, јас сум многу послаба и понесигурна од силните ликови што често ги играм“, изјави Моника.

Соодветните црти на лицето и сензуалната фигура се нејзините главни адути, а убавата Италијанка вешто знае да ја истакне својата убавина, па и во шестата деценија може да ги засени своите многу помлади колешки.

Од самиот почеток на нејзината кариера, таа остана верна на истата темно кафеава боја на коса, и главно се држеше до должината на рамената. Пред само неколку години таа ја скрати косата, освежувајќи ја со трендовски шишки.

Кога станува збор за шминката, Моника никогаш не сакала да експериментира и нејзината формула за убавина е „помалку е повеќе“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Лена 🤍 (@___lentochka___)

Оваа прекрасна бринета со експресивни карактеристики на лицето претпочита да избере класичен црвен кармин за свечени пригоди, и ги истакнува очите со помош на туш или сенка за очи. Згодната Италијанка секогаш игра на безбедно кога станува збор за црвениот тепих, па често можеме да ја видиме во црна, темно сина или црвена боја, што одлично и прилега.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....