07:40 - 12 март, 2026

Србија има ќар од над 220 милиони евра од Егзит – посетителите годинава удриле на трошење

Фестивалот Егзит (EXIT) донесе нови 19,7 милиони евра за економијата на Нови Сад и Србија, со што вкупниот придонес на фестивалот од неговото основање до денес е над 220 милиони евра, објавија денеска организаторите на EXIT, пренесе Бета.

Поголемиот економски придонес во однос на претходната година, кога изнесуваше 18,8 милиони евра, е резултат на зголемувањето на неколку клучни параметри, меѓу кои се рекордна потрошувачка и зголемениот број посетители надвор од Србија, покажуваат резултатите од „ТИМ Центар“ од Нови Сад.

За време на фестивалот во Нови Сад и Србија посетителите потрошиле во просек по 549 евра, што е скок од 22 отсто во однос на претходната година, туристите од Западна Европа во просек потрошиле 821 евро, а оние од Источна Европа 720 евра.

Во јули 2022 година низ фестивалските порти поминаа повеќе од 200.000 посетители од 107 земји, а најмногу странски гости доаѓаат од Германија, Велика Британија, Турција, Унгарија и Франција, додека Словенија, Босна и Херцеговина и Хрватска водат во регионот.

Фестивалот, како што покажа истражувањето, го посетуваат повеќе фанови од Западна Европа (21 отсто) отколку од Источна (12,5 отсто), традиционално висок е бројот на посетители од регионот (24 отсто), 7,8 отсто од посетителите се од други континенти, а сместување платиле 71,5 отсто од испитаниците.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....