17:36 - 6 ноември, 2026

„Срам да ти е, таква жена да изневеруваш!“: Повозрасна госпоѓа го пресретнала Иван Босиљчиќ на улица и го навредувала

Актерот Иван Босиљчиќ неодамна зборуваше за непријатната ситуација што му се случила на почетокот на кариерата.

Иван раскажа дека актерите често се соочуваат со тоа публиката да ги поистоветува со ликовите што ги толкуваат, а тоа му се случило и нему кога една повозрасна госпоѓа го нападнала, пишува „Блиц“.

– Мојата прва голема улога беше на жесток негативец. Ја добив улогата на помладиот син, богаташ кој беше озлогласен измамник. Милица Зариќ ја играше мојата сопруга, прекрасна, нежна жена, а јас ја изневерував со медицинска сестра – раскажа тој во емисијата „Стоперка“, па низ смеа додаде:

– Една госпоѓа ме пресретна кога тргнав во театар на претстава. Ми вели: „Срам да ти е, еден измамник таков! Таква жена да изневеруваш“. Јас тогаш не бев оженет и ѝ велам дека не сум во брак, а таа ми вели: „Си, си, едно говедо такво“. Видов дека шегата отиде предалеку, а таа трчаше по мене и викаше: „Говедо, говедо“. Луѓето навистина сериозно ги сфаќаат улогите и телевизијата.

Тој и Јелена прославија 15 години брак

Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ годинава прославија 15 години брак, а за „Блиц“ зборуваа за нивниот однос.

– Мислам дека нашиот брак пред сè се темели на љубов и меѓусебна поддршка. Заедно поминавме низ различни животни фази и важно ми е што во Иван имам некого со кого можам да ги споделам и големите радости, но и големите таги, како и сосема неважните секојдневни работи. Важно е и да умеете да разговарате. Некогаш веднаш, а некогаш дури откако и двајцата ќе се „оладите“ (се смее). И да знаете кога треба да бидете партнери, кога пријатели, а кога едноставно да молчите и да донесете кафе. По 15 години сфаќате дека бракот не е потрага по совршена личност, туку одлука секој ден да бидеме на иста страна. И понекогаш да се договорите кој е во право. Иако, искрено кажано, тој дел сè уште го усовршуваме (се смее) – рече Јелена, а Иван се надоврза:

– Јелена и јас денес не сме истите луѓе што се венчаа пред 15 години – и добро е што не сме, се менувавме и растевме заедно. Бракот, според моето искуство, не е состојба во која еднаш влегувате и потоа таа само трае. Треба да бидете подготвени постојано одново да ја запознавате личноста покрај вас. А најдобро се запознавате во тешките моменти и во загубите со кои треба да се соочите. Во таквите ситуации ние секогаш си бевме сигурна потпора еден на друг.

Слични објави

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо
Се вчитува....