08:13 - 12 март, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Најсовремени третмани за репарација на оштетена зглобна рскавица

Во Клиника „Жан Митрев“ се достапни најсовремени третмани за репарација на оштетена зглобна рскавицасо матични клетки и автологна зглобна рскавица.

Оштетувањата на рскавицата на зглобовите (колено, рамо, лакт, скочен зглоб итн.) кај луѓето се честа појава. Можат да бидат предизвикани од прогресивно дегенеративно заболување-остеоартрит или да бидат од трауматска природа – некаква повреда.

Најсовремените третмани се базираат на регенеративната медицина или користење на биолошкиот потенцијал на сопствениот организам за репарација на оштетувањата на зглобната рскавица.

Најчесто користени се: ПРП, матични клетки и во поново време репарација на оштетената рскавица со автологна (своја) рскавица. Овој најсовремен третман се изведува артроскопски или со мининимално инвазивна техника (мали резови) и еднодневен престој во клиниката.

Бенефит од овој третман е фактот дека репарацијата/регенерацијата на зглобната рскавица се движи меѓу 80 и 90%. Реинтеграцијата на новата рскавица во дефектот се случува во период од 4 до 6 недели по имплантацијата. Постоперативно кај пациентите има прогресивно намалување на болки, нема отоци, нема алергиска реакција, бидејќи станува збор за имплантиран дел од своето ткиво, без вештачи додатоци, туѓи тела.

Потоа следи период на рехабилитација која ја изведуваат едуцирани физиотерапевти.
Во Клиника „Жан Митрев“ проф. д-р Константин Митев – хирург, травматолог заедно со својот тим рутински ги изведува сите овие техники со одличен исход.

Оваа процедура е наменета за сите оние кои имаат дефект на рскавицата на било кој зглоб (рамо, колено, лакт или скочен зглоб).

За да закажете термин за преглед обратете се на телефон 02/3091-484

Комерцијален текст.

Слични објави

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova
Се вчитува....