20.8 C
Скопје
12:49 - 9 октомври, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хистероскопија – решение за полипи на матка

Ендометријалните полипи се честа појава кај женската популација. Тие се најзастапениот вид бенигни тумори во шуплината на матката. Понекогаш, иако ретко, дел од нив можат да бидат канцерогени или да се претворат во карцином. Димензиски, полипите можат да се движат од неколку милиметри до неколку сантиметри. Исто така, можно е кај една пациентка да се присутни еден или повеќе полипи во матката.


Полипите на матката се јавуваат како во периодот на репродукција, така и во постменопаузалниот перид од животот на жената. Иако точната причина за полипи на матката е непозната, хормоналните фактори се чини дека играат главна улога, осoбeно естрогенот.

Не ризикувајте! Побарајте лекарска помош доколку имате:

  • Вагинално крварење по менопаузата
  • Крварење меѓу менструациите, или крварење по сексуален однос
  • Нередовно менструално крварење.

Симптоми при полипи на матката

  • Неправилно менструално крварење – чести, непредвидливи менструални циклуси, различни по времетраење и сериозност.
  • Крварење меѓу циклуси
  • Обилни менструални крварења
  • Вагинално крварење по менопаузата
  • Проблеми со забременување

Решение за полипи на матката

Златен стандард е хистероскопијата. Таа претставува неинвазивна процедура, при што се користи инструмент со камера која се внесува во матката преку вагината без правење рез, т.е преку природниот отвор. Со неа се испитува внатрешноста на матката, се идентификуваат полипите и се отстрануваат. Отстранетите полипи потоа се испраќаат на микроскопско хистолошко испитување.

Целата процедура трае околу 30 минути и потоа, веќе истиот ден, одите дома. Можете да се вратите на вообичаените активности веднаш, наредниот ден по процедурата.
Најдобар период за интервенцијата е веднаш по менструланиот циклус доколку пациентката има менструација.

Може да почувствувате блага болка или грчеви слични на менструалните грчеви. Може да крварите оскудно неколку дена по процедурата.
Доколку полипот содржи канцерогени клетки, вашиот лекар ќе разговара со вас за следните чекори во евалуацијата и лекувањето. Ретко, полипите на матката може да се повторат. Во овој случај, можеби ќе бидат потребни повеќе третмани.

За сите совети, дијагностицирање и следни чекори поврзани со вашето гинеколошко здравје закажете преглед кај д-р сци. мед Ирена Андонова 02/3091-484

Комерцијален текст.

Слични објави

Драгана Клопчевска откри детали од бракот со Брејк: „Ако некоја му се пушта, јас прва ќе реагирам“

apostolova

Прекрасна љубовна приказна на Александра Пилева за запознавањето со сопругот: „Јас сакам да те оженам“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Слатко задоволство со мирис на есен— крцкави штрудли со јаболка и цимет, готови за половина час

К.С.

Калиопи откри што направила со необјавената песна со Тоше Проески: „Ја ставив во неговиот ковчег, таа си замина со него“

К.С.

Хороскоп за 9 октомври: Биковите ќе ги покажат своите способности на работното место

Еспресо
Се вчитува....