11.8 C
Скопје
09:14 - 27 април, 2024

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фобии – да не ги занемаруваме, има решение

Иако вообичаено се различни, она што е карактеристично за фобиите е дека најчесто се нелогични, односно сосема безопасни ситуации за луѓето без фобија, но кај оние кои страдаат од фобија, можат да предизвикаат вистински напади на паника. Фобиите од секаков вид треба да се сфатат сериозно и да се третираат професионално.

Кои се специфичните фобии?

Постојат безброј специфични фобии, кои секогаш јасно се карактеризираат со силен страв од одредена ситуација или од одреден предмет. Специфичните фобии вклучуваат силни стравови од: Одредени животни како инсекти, глувци, пајаци, змии, кучиња; екстремна надморска височина; летање; темнина; затворени простори како, на пример, – лифтови, продавници, хотелски соби (клаустрофобија); метеж; јавни тоалети; шприцеви или крв; сопствен изглед или одредени делови од телото (дисморфофобија).

Што е социјална фобија?

Социјалните фобии се познати и како социјални неврози. Често се поврзуваат со многу ниска самодоверба или ниско себевреднување. Луѓето со социјална фобија тешко поднесуваат предизвикувачки ситуации, како што се јавна презентација или говор – тогаш тие се вцрвуваат, рацете им се тресат, често имаат мачнина и постојано се чувствуваат како да треба да одат во тоалет. За некои луѓе, предизвикувачките ситуации може да бидат уште поманифестни, понекогаш е доволно само да бидат поканети на вечера за да почувствуваат страв, срам или лутина. Во случај на социјална фобија, ваквите симптоми може да ескалираат до масивни напади на паника.

Што е агорафобија?

Честа подгрупа на фобии е агорафобијата, страв за престојување на јавни или на големи простори со мисловно заплашување дека ќе западнат во одредена неприлика за која нема спас, поради што имаат изразено избегнувачко поведение. Понекогаш стравот се зголемува до тој степен што луѓето со агорафобија повеќе не се осмелуваат да ја напуштат куќата.

Кои се причините за фобиите?

Кога станува збор за фобии, обично се појавуваат од различни причини. Се прави основна разлика помеѓу биолошки, психолошки и социјални фактори.

Биолошките фактори можат да бидат: Одредени генетски или семејни предиспозиции; зголемена активност на автономниот нервен систем што доведува до лесна ексцитабилност и прекумерни реакции од надворешни и емоционални настани. Исто како што некои луѓе имаат физички „слаби точки“, како што се желудникот, грбот, срцето, црниот дроб или бубрезите, автономниот нервен систем е особено чувствителен орган кај луѓето со анксиозност или фобични нарушувања. Вродени особини на личноста или физички нарушувања за кои не постои позната причина.

Психолошки фактори:

Неповолни искуства во детството и младоста, пример: насилство, исмејување и изолирање поради надворешни карактеристики (изглед, облека, боја на кожа, религија, семејство итн.) или поради особини на личноста како што се срамежливост, интровертност,

Недостаток на самопочит поради усвоен родителски стил кој се карактеризира со страв или недостаток на себевреднување; прекумерен перфекционизам дома и/или на работа; социјални фактори; Критични животни настани, на пример, развод на родители; несреќно партнерство; сериозна болест; напуштање на домот и одвојување од семејството; бременост,преоптоварување поради повеќе обврски. Како и искусени негативни искуства во социјалното функционирање, пример: вцрвенување или треперење на гласот пред јавен настап, срцебиење или тресење на нозе пред испит и сл.

Клучно е да се знае дека фобијата не треба да го одредува вашиот живот и секојдневие и дека за оваа состојба има решение. Третманот може да опфати медикаментозен или психотераписки пристап или нивна комбинација.

Закажете психијатриски преглед со цел да се спроведе индивидуална проценка и третман на утврдената психичка состојба.

За да закажете психијатриски преглед кај д-р Марија Костадиновска – психијатар, јавете се на 02/3091-484

 

Слични објави

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Астропрогноза за сабота, 27 април: Важно познанство за Лавовите, многу среќа за Скорпиите

еспресо

Среќлии во љубовта: Два хороскопски знаци ќе доживеат возвишена љубов во мај

еспресо

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо
Се вчитува....