21.7 C
Скопје
01:18 - 1 август, 2026

Сосема неочекувано, нов почеток: Еве кој ѝ изјави љубов на Драгана Мирковиќ среде концерт

Познатата пејачка Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг, бизнисменот Тони Бијелиќ се разведуваат по 24 години брак, а таа неодамна призна дека одамна се разделиле и дека три години не живеат заедно.

Нивните деца, синот Марко и ќерката Мануела, останаа со пејачката во Австрија, додека потегот на Марко да го отследи својот татко од социјалните мрежи беше многу коментиран и предизвика дури и шок.

Пејачката која некогаш го фалеше Тони, сега за него зборува студено и воздржано.

Но, сега, откако собра сила, ја покажа целата своја енергија на бината. Завчера направи одличен концерт во Будва, а меѓу присутните биле познати лица, меѓу кои и колешката Теа Таировиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OMNIA Budva (@omniabudva)

Теа уживаше на концертот на Гага со своето момче, сместени на маса веднаш до бината, па отиде и чекор понатаму.

Имено, Теа буквално успеа да го прекине настапот на Драгана Мирковиќ, за да ѝ искаже љубов.

– Морам да ти кажам дека си една, единствена, единствена, дека си кралица. Те сакам многу и сигурна сум дека сите овде вечерва многу те сакаат – рече видно возбудена Теа, која публиката во преполната „Омнија“ ја поддржа со овации.

 

Слични објави

(Фото) Новата снаа на Лепа Брена ги покажа заносните облини – меѓу градите крие тетоважа

Еспресо

Дарко Лазиќ демантира дека бил исфрлен од клуб: „Пеев час и половина, а не ми платија“

Еспресо

Теодора Џехверовиќ отворено за конфликтот со колешката Ема Радујко: „Не толерирам непочитување“

Еспресо

Дара Бубамара полека го воведува партнерот во светот на естрадата

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од Дea Ѓурѓевиќ од породилиштето: Водителката блеска само два часа по породувањето

Еспресо

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо
Се вчитува....