07:35 - 7 ноември, 2026

Сопругот на Јелена Јованова откри што ја прави нивната љубов толку силна: „Таа ми е најголемата поддршка“

Македонската актерка Јелена Јованова Периќ, која на нашата публика ѝ е најпозната по улогата на Јелена од Драчево во серијата „Преспав“, во 2015 година се омажи за хрватскиот колега Стјепан Периќ, со кого се запознале на заедничкото снимање на серијата „Тајни“.

Периќ во интервју за „Нет.хр“, отворено зборуваше за приватниот живот со Јелена и откри дека токму таа му е најголемата професионална поддршка, но и најискрен критичар.

„Еден на друг сме си најдобри критичари. Покрај себе имам исклучително успешна и искусна колешка, која покрај тоа е и моја сопруга. Секако дека Јелена ми е помош и поддршка во работата, како што и јас сум нејзина“, рече актерот.

Минатата година Јелена и Стјепан одбележаа десет години брак, а актерот вели дека токму благодарение на професијата ја пронашол љубовта на својот живот.

„Ако оваа работа ништо друго не ми донесеше, секогаш ќе бидам благодарен и среќен што ја избрав, бидејќи на некој начин ми го донесе највредното – семејството“, изјави Периќ.

Периќ и Јованова се родители на два сина – шестгодишниот Јаков и едногодишниот Тома. Актерот признава дека татковството целосно го променило.

„Моето срце сега сака уште две прекрасни суштества, поради што се чувствувам богат и исполнет. Созреав и кон работата пристапувам попрагматично. Мислам дека поради тоа и подобро ја работам“, вели тој.

И покрај бројните професионални обврски и грижата за двете мали деца, Периќ открива дека тој и Јелена секогаш наоѓаат време еден за друг.

„Знаеме да си одвоиме наше време, затоа што ако сами не си го земеме, никој нема да ни го даде“, изјави актерот.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....