21:38 - 6 ноември, 2026

(Видео) Масовна тепачка по настапот на Аца Лукас, учествувале повеќе од 80 луѓе, полицијата реагирала

По одржувањето на концертот на пејачот Аце Лукас во Никшиќ, Црна Гора, се случила масовна тепачка, поради што полициските сили реагирале и уапсиле неколку учесници во инцидентот, пишува српски „Телеграф“.

Надлежната дежурна служба на Одделението за безбедност на Никшиќ, примила повик околу 1:20 часот по полноќ поради тепачка на настапот на Аца Лукас.

На местото на настанот биле затекнати неколку лица кои го нарушувале јавниот ред и мир. Се сомнева дека поголема група луѓе меѓусебно се судриле користејќи тупаници, ноза и разни предмети, што може да се види на снимката споделена на инстаграм-страницата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Crna Gora uživo (@crnagorauzivo_)


„Дежурната служба на Одделението за безбедност во Никшиќ беше известена утрово, околу 1:20 часот, дека имало тепачка меѓу повеќе лица во внатрешноста на Трим центарот во Никшиќ, каде што претходно се одржал концерт на еден естраден уметник. На местото на настанот веднаш биле испратени полициски службеници од Одделот за безбедност во Никшиќ, кои затекнале неколку лица кои го нарушиле јавниот ред и мир, при што, како што се сомнева, поголема група физички се судрила меѓусебно, удирајќи се меѓусебно со раце, нозе и разни предмети. Полициските службеници на Одделот за безбедност во Никшиќ преземаат понатамошни мерки и дејствија со цел идентификување и пронаоѓање на сите учесници во овој настан, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, се вели во соопштението.

Слични објави

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....