-4.2 C
Скопје
05:14 - 19 февруари, 2026

Сопругата на Вил Смит со шокантни изјави за раперот Тупак: „Ме запроси од затвор“

Актерката Џејда Пинкет Смит, во својата автобиографија Worthy, за прв пат детално зборуваше за врската со раперот Тупак Шакур (1971-1996). Цитати од книгата на ѕвездата и сопруга на Вил Смит се објавени од Њујорк Тајмс.

Според Пинкет-Смит, врската  никогаш не станала романтична, а при единствениот обид да се бакнат и двајцата се одвратиле од гадење.

„И двајцата бевме сирачиња и навистина се трудевме да го надоместиме тоа со нашата комуникација, да се грижиме еден за друг на најдобар начин на кој знаевме. Кога го познавав, тој сè уште не беше Тупак. Тој беше просјак, живееше во сиромаштија, а јас сè уште се дружев со него“, рече таа.

Актерката признала дека Тупак ја запросил додека бил во затвор во средината на 1990-тите, откако бил обвинет за сексуално вознемирување.

„Дали ме сакаше? Секако дека да. Но, сигурна сум дека ако се венчавме, тој ќе се разведеше од мене штом ќе излеземе од црквата и ќе заминеме“, напиша таа.

Потсетуваме, до сега беше познато само дека Пинкет Смит била долгогодишна пријателка со раперот.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....