1.8 C
Скопје
02:48 - 27 октомври, 2026

СОПРУГАТА НА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ИСКРЕНО: Французите би биле посочувствителни кон помлада прва дама

Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, Брижит во интервју за „Le Monde“ кажа дека е шокирана од негативните коментари за нивниот брак.

68-годишната Брижит Макрон вели дека одамна била свесна дека нивниот брак не е типичен, но дека не може да верува дека постои толкава агресија кон нив.

брижит макрон
Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

„Французите, се разбира, би биле посочувствителни кон помлада прва дама. Свесна сум дека не сме типична двојка, меѓу нас има разлика од 24 години и разбирам дека ова може да ги изненади луѓето и дека тие можеби не нè разбираат. Но, од друга страна, не можам да сфатам зошто постои толкава агресија“, рече Брижит.

емануел брижит макрон
Фото: EPA-EFE/NEIL HALL/

Често ја споредуваат со Мариа Антоанет, велејќи дека живее луксузен живот и не е во контакт со „обичните смртници“.

„Навистина не знам што од моето однесување довело до такви споредби“, вели првата дама на Франција.

брижит макрон
Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN

Не очекувала дека Емануел ќе стане политичар

Брижит откри дека не ни сонувала дека Емануел ќе стане политичар.

„Бев уверена дека Емануел ќе работи нешто поврзано со култура и се подготвував за таков живот“, вели таа.

 

емануел макрон, брижит макрон
Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Но, наместо тоа, тој стана министер за финансии во владата на Франсоа Оланд, а потоа во 2017 година стана претседател на Франција.

Макрон се подготвува за нова претседателска кампања, а неговата сопруга, која пораснала во буржоаско семејство и учела во приватно католичко училиште во Амиен, на северот на Франција, многумина ја сметаат за предност за придобивање на десничарските гласачи.

емануел макрон, брижит макрон
Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN

„Луѓето ме класифицираат како десничар само поради моето потекло и образование. Но, никој не ја знае мојата вистина“, вели Брижит.

брижит макрон
Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Двојката се запознала додека Брижит била учителка во приватното училиште каде Емануел бил ученик. Поради него го оставила првиот сопруг со кој има три деца, а во 2007 година се омажила за Макрон.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....