8.8 C
Скопје
21:08 - 30 март, 2026

Сопругата на Андреј од „ДНК“ со вредна приказна за својот сакан

Со вреден спомен во чест на својот сакан, се огласи Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј од групата „ДНК“, кој трагично загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март.

Наталија сподели персонализирана слика со циркони која е изработена специјално за Андреј, а до неа пишува:

-Во чест на нашиот непреболен Андреј од „ДНК“. Твојата енергија, твојот глас и твојата насмевка останаа како ехо што никогаш не замолкнува.

Препознатлив, неповторлив, глас што носеше радост, љубов и младешка сила. Секој блесок на цирконите ја раскажува твојата приказна.

Ти благодарам Андреј, што остави трага што свети и понатаму. Оваа слика ја посветуваме на семејството на Андреј и на сите негови обожаватели“, пишува во посветата.

Фото/ Инстаграм

Инаку, Наталија Ѓорѓиеска, љубовта на Андреј од „ДНК“, сподели слика од Панчо, Андреј и Тоше Проески, кој загина токму на 16 октомври во 2007, истиот ден кога Владимир Блажев-Панчо беше погребан оваа година.

Панчо почина по седум месеци поминати во болница, како последица од пожарот во Кочани.

 

 

Слични објави

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....