10.8 C
Скопје
14:38 - 27 октомври, 2026

Солаковски добитник на наградата за ликовно дело „Златен лист – Владимир Георгиевски“

Академскиот сликар Димитар Солаковски од Битола е добитник на наградата за ликовно дело „Златен лист – Владимир Георгиевски“.

Битолскиот академски сликар Димитар Солаковски е добитник на овогодинешната награда за ликовно дело „Златен лист – Владимир Георгиевски“, во чест на великанот на македонската ликовна уметност, Владимир Георгиевски.

Наградата секоја година ја доделува  Здружението Транзен, а годинава тоа ќе се случи на изложбата •Несовршен простор• која на 13 мај ќе биде отворена во ликовниот центар Магаза во Битола.

Во име на жирито на овогодинешната награда, сликарот Владимир Илиевски го напиша следното за делото на Димитар Солаковски:
“Делото „Детето на Белото море“ е една прилично смела, директна и специфичнo решена композиција, која истовремено носи тивка суптилна поетска приказна. Толку интимно, а сепак универзално, затоа што колку подлабоко патуваме низ привидните суштини на поединечните форми, гледаме дека на крај сите завршуваат во една суштина. Тука е прикажан моментот на вечноста. Запомнетото што избледува, а не се заборава.”

На годинешната изложба на темата „Траги во просторот“ учествуваат петнаесет уметници:
Димитар Солаковски, Илија Маџаров, Тони Попов, Александра Петрушевска Ристовска, Марија Трајаноска, Никола Пијанманов, Ване Костуранов, Љупка Галазка Василев, Славица Милева, Дејан Иванов Маргуш, Орце Нинески, Љубица Мешкова Солак, Ѓорги Динев, Горан Јованов и Верица Арапова.

Слични објави

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.
Се вчитува....