16:16 - 31 март, 2026

Софија Лорен доживеа несреќа: Итно е примена во болница и оперирана

Пред повредата се подготвувала за пат.

Софија Лорен, познатата италијанска актерка која на 20 септември наполни 89 години, се лизнала во бањата и паднала во својот дом во Женева, пишува италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Извор близок до весникот наведува дека Лорен веднаш била пренесена во болница за да биде прегледана и дијагностицирана ѝ е со фрактура на бутната коска. Поради тешката повреда таа морала да биде оперирана.

– Софија попладнето е оперирана со позитивен исход, сега ја чека рехабилитација – вели изворот.

Непосредно пред повредата, италијанската дива се подготвувала за патувањето и за отворањето на четвртиот ресторан кој го носи нејзиното име во Италија.

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....