4.8 C
Скопје
04:06 - 28 март, 2026

„Соблекувај се, што чекаш“: Шокантна исповед на Анабела Атијас, маж ја заклучил во стан и сакал да ја силува

Анабела Атијас откри дека за малку ќе била жртва на  силување. Пејачката никогаш не зборувала јавно за оваа тема, а сега ги откри потресните детали.

„Ова го раскажувам првпат. Само што не бев силувана. Едвај спасив жива глава. Бев затворена, буквално заклучена. Не ме допираше, но одеше кон тоа и требаше да се случи. Се смести на некој работен стол, почна да пие алкохол, веќе почувствував дека е многу пијан и веројатно му требаше храброст… Веројатно мислеше штом доброволно доаѓам кај него дека го сакам тоа“ раскажа Атијас во „Шок ток“.

„Средба која предизвикала паничен напад“

Таа додаде дека еднаш го сретнала човекот кој ја малтретирал и дека таа средба предизвикала паничен напад.

„Долго траеше психичкото малтретирање во станот, со коментари како: „Соблекувај се, што чекаш?’, „Ќе се соблечеш ли сама или ќе те соблечам јас?’“ Тој беше многу силен, Црногорец. Морам да кажам дека Гаги знаеше за оваа приказна, веднаш дозна, ние тогаш веќе бевме во врска. Еднаш го сретнавме, јас доживеав паничен напад. Му реков: „Те молам, не гледај во таа насока, да избегаме“. Многу брзо по таа средба слушнав дека е убиен“, раскажа пејачката.

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....