8.8 C
Скопје
01:19 - 20 февруари, 2026

Снаата на Тина Тарнер откри кој бил најголемиот страв на кралицата на рокенролот

Дури сега, по смртта на Тина Тарнер, нејзината снаа Афида Тарнер ги откри најголемите стравови на нејзината свекрва, признавајќи дека најмногу се грижела за нејзиниот покоен син, сопругот на Афида, Рони Тарнер.

Последна проговори Афида Тарнер, сопругата на покојниот Рони Тарнер, синот на Тина Тарнер кој почина само пет месеци пред неговата мајка. Афида откри дека покојната кралица на рокенролот била најмногу загрижена дека Рони ќе стане насилник исто како и неговиот татко Ајк Тарнер, кој ја малтретирал за време на нивниот брак.

Афида Тарнер беше во брак со Рони Тарнер од 2007 година до неговата смрт на самиот крај на 2022 година, а сега даде интервју за британски Дејли Меил во кое рече:

„Понекогаш ми велеше: „Не треба да останеш со него. Тој ќе биде ист како татко му’.

Ајк Тарнер почина на 76-годишна возраст, во 2007 година, предозирајќи се со дрога, а во текот на 14-те години поминати со Тина Тарнер беше насилен кон неа и психички и физички. Неговото однесување и злоупотреба ја навеле пејачката да се обиде да се самоубие во 1968 година, кога земала премногу апчиња Валиум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)

Французинката Афида, која и самата е пејачка, призна дека на почетокот на нивната врска Рони покажувал проблеми во однесувањето.

-На почетокот беше ист како татко му, а потоа се подобри, откри Афида Тарнер, додавајќи дека му се заканувала дека нема да остане со него ако продолжи така да се однесува.

– Се обиде да ме задржи. На почетокот му беше многу тешко бидејќи не сакав повеќе да бидам со него, призна Афида, а потоа рече дека и Рони имал конфликти со законот – од апсењето поради дрога до тоа што имал проблеми со алкохолот кога се запознале. Токму благодарение на неа престанал да пие и почнал да оди во теретана.

Рони Тарнер почина на 62-годишна возраст по компликации од рак на дебелото црево.

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....