04:28 - 2 април, 2025

СЛУШНЕТЕ ЈА НОВАТА ПЕСНА НА АББА: „Just A Notion“ го носи класичниот звук на оваа култна група од 70-тите

АББА

Шведската култна група ABBA ја објави третата песна од нивниот долгоочекуван нов албум „Voyage“.

Песната „Just A Notion“ се појави денес наутро и го носи класичниот звук на АББА од 1970-тите.

Ова не е случајно, бидејќи песната е всушност од големата ера на поп групата – првпат е снимена во далечната 1978 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ABBA (@abba)

Издавањето на „Just A Notion“ следи по песните „I Still Have Faith in You“ и „Don’t Shut Me Down“, кои АББА ги претстави на почетокот на септември – ова е првата нова музика на АББА по речиси 40 години.

Во најавата за новиот албум, групата од далечниот север најави и настап со виртуелна презентација во Лондон, како и новиот албум „Voyage“.

Албумот ќе биде пуштен во продажба на 5 ноември и ќе содржи вкупно 10 песни, вклучувајќи ги и трите кои се објавени досега.

„Don’t Shut Me Down“ веќе е преслушан повеќе од 25 милиони пати на „Spotify“, а „I Still Have Faith in You“ повеќе од 15 милиони пати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ABBA (@abba)

Светски хитови како „Dancing Queen“, „Gimme! Gimme! Gimme!“ и „Mamma Mia“ сега имаат деветцифрен број слушатели на платформите за стриминг.

Слични објави

(Фото) Тројна среќа: Горан Папаз сподели преслатка слика со трите близнаци!

Еспресо

Тајната е откриена: Колкава алиментација плаќал Драган Којиќ Кеба?

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се соблече во бикини: Пејачката ги „искара“ луѓето на плажа!

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац на тренинг: Еве како пејачката ја доведува линијата до совршенство

Еспресо

(Фото) Вака Дара Бубамара ја „киднапираше“ песната од евровизиската претставничка на Кипар: На површина испливаа детали!

Еспресо

Љубовницата на Бекам со шокантна исповед: Не бев единствената со која ја изневери Викторија

Еспресо
Се вчитува....