10.8 C
Скопје
10:18 - 18 април, 2024

Случај Џенифер Лопез: Го смени презимето поради љубов, но ги налути феминистките – „изборот на Џенифер Лопез е застрашувачки“

Од Џеј Ло до Џаф, по венчавката на поп-ѕвездата со холивудскиот глумец Бен Афлек, таа е во центарот на отровна дебата. 

Од денот на нивната венчавка, дваесет години по нивната прва свршувачка, центарот на вниманието на Џенифер Лопез и Бен Афлек никогаш не згасна. И конечно се случи свадбата, нејзината фризура и фустан во „малата бела капела“ во Лас Вегас, децата на двајцата присутни на церемонијата, венчалниот прстен на прстот прикажан на социјалните мрежи…, а потоа меден месец, „учебникот“ по романтика – Париз, каде шетаат низ улиците, држејќи се за рака, а потоа на вечера, секако под свеќи, потоа прослава на роденден (53 години на Џеј Ло).

Сепак, како некој да сакаше да се наруши овој совршен момент, пристигнаа лавина коментари на сметка на пејачката и глумица, поради промената на презимето. Имено, Порториканка од Бронкс и инфлуенсерка од времето кога сè уште не беа измислени инфлуенсерите, пред извесно време напиша на Инстаграм: „Викајте ме г-ѓа Џенифер Лин Афлек“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Постот прочитан од над 219 милиони фанови: „Госпоѓа Џенифер Лин Афлек“, покрена лавина коментари, меѓу кои и бројни негативни главно од феминистките.

Џеј Ло станува Џаф? Првично незабележано, одлуката на ѕвездата да го смени презимето во нејзиниот сопруг остави многу луѓе збунети.
„Не можам да верувам дека Џеј Ло го зела презимето на Бен!“ – гласи еден твит.

„Џенифер Лопез навистина го смени презимето и не се ни потруди да го спелува“, се пошегува друг на социјалните мрежи. Потоа во крешендо од коментари како само на социјалните мрежи може да се случи: „ Зошто по ѓаволите не се вика Бен Лопез?“.

Од иронија и шега набрзо дојдоа и други заклучоци: „Гест кој вели „нему му припаѓам“.“

Од социјалните мрежи дебатата се префрли во престижните весници. Едиторијалот објавен во Њујорк Тајмс го претвори прашањето во дебата. „Во тешко време за феминизмот во Америка, изборот на Џенифер Лопез е „особено застрашувачки“, напиша романсиерката Џенифер Вајнер, според која неизбежна референца е Гилеад од „Приказната на слугинката“ од Маргарет Атвуд (добро позната ТВ серија, која ја раскажува дистописката теократија во која жените се вклучени во репродукцијата како протагонистката Џун Озборн (Елизабет Мос во фикцијата).

Според Вајнер, гестот на Џенифер Лопез има свои корени во англиската патријархија и средновековните закони  според кои сопругата го губи идентитетот по бракот, дури и поради законот. Во Америка оваа доктрина, иако не е кристализирана во ниту еден закон, била оспорена во 1855 година со случајот на активистката Луси Стоун, која не добила право на глас бидејќи одбила да го додаде презимето на сопругот.

Потоа, во 1975 година, Врховниот суд пресудил дека мажената жена нема обврска да го земе презимето на нејзиниот сопруг.

Критиките на Вајнер за Џеј Ло изгледаат можеби малку престроги, дури и во овие денови. Во САД, мнозинството жени го прават истиот избор. Според анкетата од 2015 година објавена во колумната на „Тајмс“, „The Upshot“, во Америка само 20% од жените продолжуваат да го задржат презимето по стапувањето во брак. Во Јапонија овој процент е само 1%.

Во Франција, жените автоматски го земаат презимето на својот сопруг. Во Германија имаат избор: канцеларката Меркел, на пример, го носи презимето на нејзиниот прв сопруг.

Што се однесува до САД, изборот да се усвои презимето на сопругот често е диктиран и од практични и правни размислувања: на пример., добивање заеми од банка, осигурување, патување со деца кои го имаат презимето на нивниот татко на пасошот или даночни олеснувања. Накратко, Џенифер можеби размислувала за паричникот наместо за патријархатот. Со г-ѓа Лопез, новата г-ѓа Афлек, проблемот со губење на идентитетот не се ни наметнува. Без разлика дали се нарекува на еден или друг начин, таа сепак е лесно препознатлива.

И таа е во добро друштво: Хилари Клинтон, Мишел Обама, но и, останувајќи во светот на забавата, Џесика Бил, сега госпоѓа Тимберлејк. Актерката го задржала презимето само како „сценско име“. Робин Рајт стана г-ѓа Рајт Пен по бракот со Шон, за да се врати пак на Рајт по разводот.

За Рејчел Робнет, психолог на Универзитетот во Невада, сепак, „изборот на Џеј Ло го одразува поголемиот статус и моќ на мажите во односите и во општеството“.

Замислете за момент ако Бен Афлек избрал да се вика Лопез: „Луѓето сметаат дека земањето презиме на нејзиниот сопруг е убава традиција (самата Џеј Ло веќе го променила кога се омажила за Марк Ентони)“, рече Робнет: „Но, сепак, е во прашање моќта, а моќта е важна“.

Космополитен потоа објави интересен детаљ од минатото. Во 2003 година, новинарот кој ја прашал дали во случај на венчавка со Афлек (со кој тогаш била свршена) би се откажала од презимето, таа одговорила малку сериозно, а малку на шега: „Немаат баш иста звучност, но мора да се жртвувате!“…

Којзнае дали денес се сеќава на тој одговор, но сигурно нема никакви проблеми со идентитетот. А на оние кои ја критикуваат, таа одговори на нејзиниот 53 роденден со гола фотографија објавена за лансирање на нов производ за убавина. Како да сакаше да каже: „Лопез или Афлек, што е важно, еве ме, ова сум јас“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Слични објави

Што појадуваат децата на Новак Ѓоковиќ секој ден: Билна исхрана подготвена од навечер

еспресо

(Фото) Внукот на Цеца го прослави првиот роденден: Раскош, сини балони, кадифени мечиња, елегантна трпеза

еспресо

Астропрогноза за четврток, 18 април: Вагите да си го отворат срцето, Јарците денес да се осамат

еспресо

Анѓелка Прпиќ ја отвори душата: „Кога се разведов…“

еспресо

(Фото) Сања Маринковиќ без грам шминка: Водителката покажа како изгледа кога ќе се исклучат камерите

Еспресо

Се смирија Мелина и Џина по бурниот период? Еве што направи ќерката на Харис Џиновиќ

Еспресо
Се вчитува....