Откако Мадона се појави на неодамнешните Греми награди со изглед кој прави да изгледа многу „помладо“, всушнот поразлично од она што ја знаеме вообичаено, коментарите не беа жестоки на социјалните мрежи.
Една од тие остри критичари е и познатата водителка Мегин Кели, која во својата емисија изјави дека е загрижена за здравјето и благосостојбата на Мадона.
За време на нејзиниот подкаст за SiriusXM, Кели рече дека Мадона всушност „не е добро“ и боледува од „болест“, поради „злоупотреба на пластични операции“.
„Жал ми е, но ова е болест“, рече Кели. „Ова е болна личност што ја видовме на Греми пред некоја вечер, и не знам дали кажува повеќе за неа, за нашето општество или за славните личности, но ме вознемирува до срж“.
Некои фанови на пејачката сепак застанаа во одбрана на Мадона сметајќи дека „ова го кажува Кели, која пред извесно време се подложи на ботокс третман за да изгледа помладо“.
Но Кели уверува дека нема да го промени својот изглед на гротескниот начин како што направи Мадона.
„Би сакала да мислам дека кога ќе имам 64 години, нема да се грижам што мислат луѓето за мојот изглед или за мојата возраст“, тврди таа. „Но ова што го прави Мадона, само ми кажува дека таа е болна личност на која и треба помош“, повторува Кели.
Megyn Kelly blasts ‘unwell’ Madonna for Grammys look: ‘Sick person who needs help’ https://t.co/o4mFykz7hG pic.twitter.com/1ixEadyxxk
— New York Post (@nypost) February 8, 2023
Соочена со критиките што ги доби, Мадона се огласи на својот Инстаграм за да се одбрани од нападите со долга објава:
„Наместо да се фокусираат на она што го кажав во мојот говор, а тоа беше благодарност за бестрашноста на уметниците како Сем Смит и Ким Петрас, многу луѓе претпочитаа да зборуваат само за фотографиите одблиску од мене направени со камера со долги леќи од фотограф кој го искривил ничие лице!“ објасни таа.