14:08 - 3 април, 2026

Славчо Попоски: Значителен пораст на температурите

– Нашата територија и понатаму во следните седум до десет денови ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Само во недела ветерот повремено ќе засилува на интензитет и ќе биде од западен и од северозападен правец.
Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Температурите уште денес остануваат без поголеми промени во однос на оние кои ги имавме изминатите денови, додека од утре па натаму истите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и ќе бидат НАТПРОСЕЧНО високи и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени, додека во централните и во југоисточните предели температурите се очекува да бидат дури и малку повисоки. Потопло ќе биде и рано наутро со минимални температури кој на повеќе места ќе се искачат до околу 10 степени а во југоисточните предели и над 10 степени.
Во Скопје и околината и понатаму продолжува стабилното, суво и претежно сончево време. Во утринските и претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност. Температурите ќе бележат тенденција на пораст и во следните денови максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 24 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....