7.8 C
Скопје
22:02 - 1 април, 2026

Славчо Попоски: Уште пониски температури и локално провејување на снег, еве кога

– Продолжува периодот на СТУДЕНО и променливо време со сончеви периоди. Повремено и локално ќе провејува слаб снег.

Исто така повремено ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, и истите понекаде ќе се спуштаат близу -10 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени. Во најтоплите југоиточни предели температурите повремено ќе се искачуваат до околу 11 степени.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде студено, повремено и ветровито со умерен до засилен ветер од северен правец. Наутро температурата ќе се спушта до околу -2 степени, додека максималната ќе се искачува до околу 5 степени.

Поради продор на уште постуден воздух од север кој ќе ни донесе уште пониски температури на воздухот барем одсега гледано ќе имаме од петок па за време на следниот викенд. Повремено и локално ќе има слаби врнежи од снег.

Сето ова ќе биде проследено и со засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен правец – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го неговиот Фејсбук профил – ТУКА. 

Слични објави

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо
Се вчитува....