09:43 - 4 април, 2026

Славчо Попоски: Темпеартури под нулата, но дали и кога ќе има снег?

– Продолжува периодот на СТУДЕНО и променливо време со сончеви периоди. Повремено и локално ќе провејува снег. Исто така повремено ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, и истите понекаде ќе се спуштаат близу -10 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде студено, повремено и ветровито со умерен до засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -3 и -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат до околу 5 степени.

Продор на уште постуден воздух од север и уште пониски температури на воздухот барем отсега гледано ќе имаме за време на следниот викенд, но дали ќе има и повеќе снег останува да видиме како ќе се одвиваат работите со нумеричките модели понатаму – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....