7.8 C
Скопје
00:30 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ СО УБАВА ВЕСТ: Метео-пролетта е пред нас, еве од кога!

– Како што најавивме во следните денови времето ќе се задржи претежно стабилно и суво со подолги сончеви периоди. Исклучок ќе биде вторник кога ќе има повеќе облачност и ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Ќе биде и ветровито, односно ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец, и истиот наизразен ќе биде во вторник. Што се однесува до температурите, минималните насекаде ќе се спуштаат под нулата, и истите понатаму понекаде ќе се спуштаат дури до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 10 степени- вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и суво со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 9 и 12 степени. Поголемо затоплување на времето и продор на значително потопла воздушна маса од југ се очекува од средината на следната недела па натаму.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....