24.8 C
Скопје
09:49 - 11 септември, 2026

Диандра е ПРВАТА ЖЕНА НА МАЈКЛ ДАГЛАС: Требаше да се разведам од неа многу порано!

Актерот Мајкл Даглас е во брак со својата 25 години помлада колешка Кетрин Зета-Џонс од 2000 година, па иако честопати доживуваат непријатности поради коментарите дека неговата сопруга е многу помлада, а нивните деца му се како внуци, парот е главно во среќна и стабилна врска.
Мајкл и Кетрин се долго време популарен пар, па многумина забораваат дека тој имаше уште еден брак пред неа.

77-годишниот актер имаше 32 години кога се ожени со 19-годишната Диандра Лукер, ќерка на австралиски дипломат, во 1977 година. Една година подоцна тие го добија синот Камерон.
Парот остана заедно 18 години, а Диандра поднесе барање за развод во 1995 година. По жестоката правна битка, Диандра доби 45 милиони долари и старателство над нивниот син. Разводот, кој беше поднесен поради „ненадминливи разлики“, заврши во 2000 година. Неколку години подоцна, Даглас изненади со коментарите дека требало да се разведат многу порано.

„Немам ништо против неа, всушност, првата жена ми е многу драга, но требаше да ставиме крај на бракот осум или десет години порано“, рече тој. Двајцата никогаш не открија зошто заврши бракот, но се претпоставува дека пресудна била љубовта на Мајкл кон алкохолот и другите жени.

Една година по разводот тој започна врска со неговата сегашна сопруга Кетрин Зета-Џонс, со која се ожени во 2000 година и набрзо го добија нивното прво заедничко дете.

Youtube

На почетокот на врската со Кетрин, Мајкл се уште ја делеше вилата на Мајорка со поранешната сопруга, па секој од нив ја користеше по шест месеци годишно. Подоцна тој откри дека тоа не им одговарало и на двајцата, а бидејќи не успеале да ја продадат куќата по посакуваната цена, на крајот Мајкл ја откупил.

„Ми беше многу непријатно да ја делам вилата со мојата поранешна сопруга Диандра. Тоа што можевме да ја користиме по шест месеци и на двајцата не ни одговараше. Сега се е средено и куќата е целосно наша, моја и на Кетрин“, изјави тој за локалниот весник „Ултима Хора“.

Youtube

„Никогаш не сакав да ја изгубам, тука ќе доаѓаат моите деца и внуци, и нивните деца. Сигурен сум дека на овој прекрасен остров ќе доаѓаат генерации. Кетрин е многу среќна овде, особено сега кога веќе не ја делиме куќата со Диандра. Сега и е многу поудобно“, додаде тој.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ мами погледи на Сардинија – ги покажа долгите нозе во фустан со висок прорез

Еспресо

Дневен хороскоп за 11 септември: Не пропуштајте ја можноста да ги претставите своите идеи

apostolova

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо

Ова не го очеуквав: Македонскиот диџеј Песимал искрено за настапот на Дејвид Гета

apostolova

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

E.A.
Се вчитува....