14:38 - 10 ноември, 2026

Славчо Попоски: Речиси пролетни температури и многу сонце, еве кога

– Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), во текот на оваа недела времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а утре повремено засилен ветер од северен правец.

Температурите на воздухот во текот на оваа недела ќе бидат се повисоки, како наутро така и преку ден и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.

Кон крајот на оваа работна недела температурите ќе бидат невообичаено високи за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени. Токму поради ова ќе дојде до ЗНАЧИТЕЛНО ТОПЕЊЕ на снежната покривка на планините и на Скијачките центри.

Токму поради ваквата состојба ќе растат условите за зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија, особено во западите делови каде на планините има најмногу снег.

Во Скопје и околината продолжува стабилното, суво и сончево време. Утре ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 9 и 12 степени, наутро истите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.
Се вчитува....