14:15 - 3 април, 2026

Славчо Попоски прогнозира високи температури до 28 степени

– Во следните седум до десет денови и понатаму во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време. Повремено ќе има и мала локална облачност а само утре во планиските предели ќе има услови за попладневен локален и слаб дожд. Наутро по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла, додека во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека во југоисточните предели истите се очекува да останат само малку над 10 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени, додека од четврток истите ќе бидат малку пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 24 степени.
Во Скопје и понатаму продолжува долгиот период на стабилно, суво и претежно сончево време. Наутро низ котлината ќе има услови за појава на магла, додека во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 6 и 8 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 24 и 26 степени. НАПОМЕНА: Овие температури кој ги имаме во моментов се НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ за овој дел од годината. Истите се повисоки од просечните дури за околу 10 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....