04:32 - 23 август, 2026

Мусака со бешамел сос

Состојки:
1 килограм компир
100 милилитри масло за јадење
500 грама мешано мелено месо
1 главица кромид
зачини по желба
За бешамел сосот:
1 коцка маргарин
50 милилитри масло за јадење
10 лажици брашно
1 литар млеко
сол

Подготовка:
Компирите убаво излупете ги и исечкајте ги на крукчиња. Потоа вака подготвениот компир, ставете го во студена вода, за на тој начин да спречите негово потемнување. Откако ќе завршите со подготовка на компирот, почнете со пржењето на меленото месо. Во тава на оган, ставете малку масло за јадење и додадете го во него ситно исечканиот кромид. Кога кромидот убаво ќе се спржи, во него додадете го меленото месо. Пржете го месото околу 15 минути а потоа во него додадете ги зачините. Вака подготвеното мелено месо, тргнете го на страна.
Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.
Во друга тава на оган ставете да се растопи маргаринот заедно со малку масло. Кога маргаринот убаво ќе се растопи, во тавата додајте го и брашното и пржете го додека не добие златна боја. Ставете малку сол, а потоа постепено почнете со додавањето на млекото. Додека го додавате млекото, цело време мешајте за да спречите сосот да не загори. Кога бешамел сосот убаво ќе згусне, него тргнете го од оган.
Почнете со подготовка на мусаката. Во подмачкана тава за печење ставете еден ред компир, а потоа врз него истурете го прженото мелено месо. Одозгора врз месото, наредете уште компир. На крај, подготовката на ова јадење завршете ја со тоа што врз целата површина ќе го истурите претходно подготвениот бешамел сос. Печете околу еден час.

Слични објави

Легендата за „Трескавец“ – манастирот што „сам“ го избрал своето место

Т.Ц.

Авантурата на Иван и Спасе – од Радовиш со стар автомобил до луксузот во Монте Карло

Еспресо

Сите очи вперени кон Сонцето: При затемнувањето птиците престануваат да пеат, животните се однесуваат чудно

Еспресо

Лавандата лесно се одгледува, а со еден едноставен трик ќе цвета цело лето

Т.Ц.

Четири освежителни салати од краставици и мал трик што го менува вкусот

Т.Ц.

(Фото) Пет европски бисери што вреди да ги посетите пред да станат прескапи и преполни со туристи

Еспресо
Се вчитува....