5.8 C
Скопје
05:36 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Голомразица, врнежи од снег, многу голем студ, еве кога!

– Како што претходно најавивме, утре на големиот Христијански празник Богојавление – Водици и во четврток во текот на денот времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево. Наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.

Под влијание на влажен и студен воздушен бран, во текот на ноќта четврток кон петок, како и во петок ќе има врнежи од снег, ПОИНТЕНЗИВНИ во западните предели каде снежна покривка ќе се формира и на пониските места, а на планините истата ќе се зголеми. Тенка снежна покривка ќе се формира и во останатите места, освен во Повардарието и во југоисточните предели, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, за време на викендот се уште ќе има услови за локални слаби врнежи од снег. Наутро ќе биде особено студено и минималните температури понекаде ќе се спуштат под -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -6 до 2 степени.

И во Скопскиот регион утре и во четврток времето ќе биде стабилно, суво и сончево. Во текот на ноќта четврток кон петок, а особено во петок ќе има повремени врнежи од снег, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до -4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 4 степени.
Попоски понатаму напоменува дека за време на овој влажен бран кој ќе ја зафати нашата држава, можно е накратко на некои ниски места да има врнежи од дожд и снег и истите набргу ќе преминат во врнежи само од снег. Поради многу ниските температури на воздухот, ќе има појава на ГОЛОМРАЗИЦА па затоа ги советуваме возачите да бидат крајно претпазливи доколку се движат низ планинските превои или одат кон скијачките центри. Крајно претпазливи да бидат и пешаците.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....