16:41 - 7 април, 2026

Славчо Попоски: Обилни врнежи од дожд и снег, внимание на поплавувања! Еве кога

– Под влијание на изразена циклонска активност со центар над Џеновскиот залив, до самиот крај на оваа, како и во првите денови од следната недела во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и ОБИЛНИ и проследени со појава на грмежи. Ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец (над 80 км/час). Можна е и појава на локално НЕВРЕМЕ, па затоа препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Поради заладувањето на времето, од утре па за време на викендот на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, особено во западните предели и на планините се очекува формирање на позначителна снежна покривка (над 40 цм).

Појава на мокар снег ќе има понекаде и во градовите од западниот дел со што очекуваме и таму формирање на помала снежна покривка.

Температурите значително ќе се намалат и ќе бидат околу просекот за овј дел од годината – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски и предупредува:

– Поради ОБИЛНИТЕ врнежи од дожд и снег кој се очекуваат во периодот кој што е пред нас, можна е појава на локални ПОПЛАВУВАЊА и зголемување на нивоата на реките и на езерата. Можно е и нивно локално излевање.

Слични објави

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо
Се вчитува....