16:53 - 10 ноември, 2026

Славчо Попоски најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер

– Продолжува периодот на МНОГУ ТОПЛО ВРЕМЕ и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека мал пад на температурите и тоа за околу 3 степени ќе има од средината на оваа седмица и тогаш температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Денес во западните предели, а од среда и во останатите предели ќе има појава на попладневна и вечерна локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје и околината времето ќе бде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Во следниот период во попладневните и во вечерните часови и во Скопскиот регион ќе има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 33 и 35 степени. Ув – индексот ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент 8, вели метеопрогнозерот Попоски.

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....