13:58 - 3 февруари, 2026

Славчо Попоски најавува натпросечни температури, пролет среде есен, еве кога!

Метеопрогнозерот Славчо Попоски прогнозира какво време ќе имаме.

– Пролетното есенско време во Македонија продолжува и понатаму. Но сепак во следниот период нашата територија ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови од запад. Овие влажни бранови во Македонија ќе условуваат повремени врнежи од дожд како на пониските места (градовите), така и на повисоките места и на планините. Повремено и тоа особено во четврток претпладне и во недела врнежите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог.

Локално и повремено ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Наутро температурите насекаде ќе бидат над нулата, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени и ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ и тоа поради јужното воздушно струење, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Видео) Заборавен хит: Ова е единствената песна што Цеца ја отпеа на странски јазик

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус без грам шминка и само по чипкан градник: „Сонувам дури и кога сум будна“

Еспресо

Фрлена бомба врз домот на Здравко Чолиќ во Белград, полицијата спроведува истрага

Еспресо

По скандалот во луксузниот бутик: Мелина Џиновиќ си го уништила угледот во елитните кругови на Монте Карло?

Еспресо

Едита Арадиновиќ откри како е по раскинувањето: „Помош! Само ова ме враќа во деновите кога бев среќна“

Еспресо

(Видео) Секоја чест! Дац и Александар им посветија песна на вработените на ресторанот каде што имаа свирка

Еспресо
Се вчитува....