20:42 - 10 ноември, 2026

Славчо Попоски најавува интензивни дождови, можност од поплави и снег на планините!

– Територијата на Македонија се наоѓа во поле на низок воздушен притисок и на серија на влажни воздушни бранови од запад. До крајот на денов и вечерва особено во западните предели, а во следните денови и на повеќе места ќе има врнежи од дожд а ќе дува и умерен до засилен, повремено СИЛЕН ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено со брзина од над 65 км/час).
Локално ќе биде и нестабилно со ИНТЕНЗИВЕН пороен дожд (над 50 л/м2 воден талог кој може да услови локални ПОПЛАВУВАЊА), СИЛЕН ВЕТЕР и со појава на грмежи. Од понеделник ќе биде постудено па така на планините над 1500 м.н.в врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од СНЕГ.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 22 степени и истите ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ и тоа поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење. Пониски температури како што веќе кажавме ќе има од почетокот на следната недела и истите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени. Во Скопскиот регион исто така ќе дува засилен ветер од југоисточен правец и ќе има повремени врнежи од дожд и истите во следните денови повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 18 степени.
НАПОМЕНА: Поради ИНТЕНЗИВНИТЕ врнежи кои се очекуваат во следниот период можно е зголемување на нивоата на реките и езерата низ Македонија, исто така како што и претходно кажавме можни се и локални ПОПЛАВУВАЊА, па затоа препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.
Се вчитува....