2.8 C
Скопје
01:59 - 15 март, 2026

Славчо Попоски: Можни поплави, пороен дожд и ГОЛЕМ ПАД на температурите

– Под влијание на ГОЛЕМ ВЛАЖЕН воздушен бран во Македонија, утре попладне, како и во сабота на многу места ќе има интензивни врнежи од дожд, појава на грмежи и засилен северен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Локално ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 30 л/м2), со што можни се и локални поплавувања. Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат, и од утре па за време на викендот истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, додека најсвежо ќе биде во сабота кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 26 степени, и истите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Позначително дестабилизирање на времето утре, како и за време на викендот ќе има и во Скопскиот регион, со што е можна појава на локално невреме и во овој дел од Македонија. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на електрични празнења овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат. Уште да напоменеме дека во случај на појава на силен ветер, возачите своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвјата, со цел да не дојде до некоја несакана штета. Во почетокот на следната недела Атмсоферата ќе биде постабилна, а температурите повторно ќе бележат тенденција на пораст – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....