5.8 C
Скопје
00:17 - 1 април, 2026

Славчо Попоски: Можни поплави, невреме, интензивен дожд, еве кога!

– Под влијание на изразена влажна и нестабилна воздушна маса, од утре попладне па за време на викендот времето ќе биде особено нестабилно во најголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ и застепени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд кој ќе услови ПОГОЛЕМО количество на воден талог за многу кратко време (можност за локални поплавувања), силен ветер, силни и чести електричи празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и од поголем пречник. Температурите и тоа под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од Африка остануваат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека пад на истите за неколку степени ќе има во недела и тогаш температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени – – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека понатаму Атмосферата ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНА, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвја за да не дојде до несакана штета. Исто така во случај на електрични празнења, овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....