10.8 C
Скопје
09:40 - 15 октомври, 2026

Слаткар откри дека имал незавршена работа со Владо Јаневски: Тоа време не дојде

Марко Маринковиќ-Слаткаристика откри дека имал недовршена работа со Владо Јаневски кој денес беше испратен во вечноста.

Слаткар се огласи со емотивна порака на социјалните мрежи, простувајќи се од легендарниот кантавтор.

Тој откри досега непознат детаљ, дека со години во фиока чува нивна заедничка песна која поради желбата за совршенство останала незавршена.

„Денес, кога го испративме Владо, сфатив колку работи останале недовршени.
Со години чувам една песна што ја снимивме заедно. Не затоа што не верував во неа, туку затоа што секогаш кога работам со некој што неизмерно го ценам, сакам да го дадам својот максимум. Постојано мислев дека може уште подобро и затоа ја одложував, убеден дека ќе имаме време повторно да работиме на неа.
За жал, тоа време не дојде. Ова е само мал дел од песната. Ветувам дека ќе ја довршам и ќе ја објавам на неговиот роденден.
Фала ти за довербата, Владо. Фала ти за сѐ што направи за сите нас. Ќе ми недостигаш. На сите ќе ни недостигаш“, напиша Слаткаристика.

Покрај овие трогателни зборови, Слаткаристика сподели и кратко аудио од демо-верзијата, ветувајќи дека ова последно нивно уметничко дело ќе ја доживее официјалната премиера во чест на Владо.

Погребот на еден од најголемите кантавтори на македонската поп-музика се изврши вчера на Градските гробишта во Бутел во Скопје, каде семејството, колегите и стотици граѓани се собраа да му оддадат последна почит и да го испратат во вечното почивалиште.

Колку неговите безвременски хитови значеа за генерации обожаватели покажа и собирот завчера. Многубројни фанови се собраа на платото пред Арената „Борис Трајковски“ – токму на местото каде што пред само неколку месеци тој го одржа својот последен поголем концерт. Со запалени свеќи во рацете и правејќи масовно „ѕвездено небо“ со своите мобилни телефони, присутните во еден глас ги пееја неговите антологиски рефрени, простувајќи се од својот музички идол кој остави неизбришлива трага во македонската музика.

Слични објави

„Сакаше да замине во манастир, не ѝ беше добро“: Пријателите ги откриваат деталите за последните години од животот на Слаѓана Тесла

Е.А.

Дневен хороскоп за 15 октомври: Не губете премногу време на усовршување на деталите

apostolova

Јована Јеремиќ не му остана должна на Каспер:“„Тој не е вистински маж, многумина ме тужеле, но никој не ме добил“

Еспресо

Карлеуша за крајот на пријателството со Бирташевиќ: „Повредена сум, но сите се заменливи“

Еспресо

Еве со што се занимаваат свекрвата и свекорот на Анастасија Ражнатовиќ: Имаат приватен бизнис во Требиње

Еспресо

Осум години од заминувањето на актерската дива Милена Дравиќ: Животната приказна на иконата која делеше сè со легендарниот Драган Николиќ

Е.А.
Се вчитува....